| четврток, 6 декември 2018 |

Либералите ја претставија Доктрина Пресврт 2018

Ivon-Velickovski-2Либералната партија денеска ја промовираше доктрината Пресврт 2018.  Според партијата доктрината претставува политика на управување наместо моќ на владеење и гаранција дека државната или локалната влада во која ќе учествува ЛП – нема да отпушта вработени во само по основа на политички реваншизам.

Од ЛП истакнуваат дека нивната доктрина предвидува хумана држава Македонија

– Нудиме Пресврт 2018, според кој Македонија е отворено и интегративно општество каде граѓанинот – слободоумен поединец ја ограничува државата, а не својата мисла, е општествено-одговорен и солидарен, го брани своето мислење еднакво со правото на поинакво мислење, и е спротивставен на лажни општествени норми и вредности – вели престедателот на ЛП, Ивон Величковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top