| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Само 10 км/ч поспоро возење, ќе го преполови бројот на жртви

сообраќајкаНационалниот совет за безбедност на патиштата во Франција даде повеќе предлози за намалување на смртноста на француските патишта, јави дописникот на МИА од Париз. Целта на предлозите е да се намали бројот на загинатите од сега 3.653 на 2.000 лица годишно. Експертите на Националниот совет за безбедност на патиштата посочуваат дека намалувањето на брзината за 10 километри на час од сегашните 90 на 80, на патиштата за моторни возила, според извештајот би спасило 450 животи годишно.

Во случај бризната да се намали само на опасните делници, бројот на спасените животи би бил 200. Во случај да бидат отстранети пречките кои се наоѓаат покрај патиштата, како дрворедите, електричните или телефонските столбови или длабоките канали на споредните патишта, тоа би спасило меѓу 120 до 270 животи.

Експертите советуваат да биде задолжително поставувањето на алкохолни тестови со систем за спречување на вклучување на автомобилите за младите возачи. Овај алкотест систем е задолжителен за сите возила кои служат за превоз на деца кои се во употреба од 2010 година.

За да се почитуваат дозволените брзини на патиштата и улиците, експертите предлагаат уште поголемо развивање на системот за автоматски казни, односно радари. Парите од казните би требало според нив да послужат за акции директно поврзани со безбедноста на патиштата. На Азурниот брег се поставени радари од најнов тип кои автоматски ги снимаат прекршителите според дозволената брзина, во зависност од временските услови и големината на автомобилите, со цел да се санкционираат пребрзите возења на тешките возила. Досегашните радари делуваа само според брзината на сите автомобили и не правеа разлика меѓу тешки и лесни возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top