| четврток, 6 декември 2018 |

Гринпис се налути- веќе нема да лобира, туку ќе дејствува

Gazprom Banner At Basel Football Stadium, Switzerland.Речиси 30 Гринпис активисти се соочуваат до 15 години во руски затвор откако протестираа против дупчење за нафта на Арктикот. Други сопреа натпревар во Лигата на Шампионите во Швајцарија, спуштајќи се со јажиња од стадион со транспарент против рускиот нафтен гигант Гаспром. Други активисти во центарот на Лондон се спротивставија на експлоатацијата на нафта на Шел на врвот на светот.
Ваквите смели протести ги сместија Гринпис на насловните страници и во ударнире минути во вестите, што посочува на „нова енергија“ во најголемата еколошка организација.

“Несомнено, ние се менуваме “, рече меѓународниот изврешен директор на  Гринпис Kumi Naidoo, за Индепендент.

-Кога ќе се погледне со што ние се бориме за – во контекст на нашите лидери- не итни работи – ние веруваме дека интензивирањето на мирна граѓанска непослушност не е само етички оправдани, туку и морално неопходна”.

Очекувате да видите некои корекции: пренасочување на ресурсите од Европа и во економиите во развој, вклучувајќи ја и Кина , Индија и Бразил. Очекувате да видите помалку лобирање, помалку дијалог со корпорации и компании, како и зголемен акцент на јавноста мобилизација , образованието и директна акција – со помош од 2,8 милиони членови на организацијата. На кратко: Очекувајте поналутен Гринпис, најавува од органнизацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top