Во Мароко се уапсени двајца тинејџери, затоа што на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавиле фотографија на која се бакнуваат.
Тоа поттикна и други корисници на мрежата да објават голем број слични фотографии, соопштија организациите за заштита на човековите права во државата.
-Се работи за момче и неговата девојка, кои се приведени поради тоа што го прекршија законот поради недолично однесување во јавноста, со тоа што објавија фотографија на која се бакнуваат, рече претседателот на здружението за човекови права „Риф“, Чакиб ал Кајари, пренесе „Франс прес“.
Двајцата тинејџери се наоѓаат во притвор во одделот за малолетници, во градот Надор, на североисток на Мароко, каде што граѓаните мирно протестираат, барајќи да бидат пуштени на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
Нова глобална чума: Опасен здравствен проблем погодува сѐ повеќе тинејџери
-
Тинејџери три дена живееле во напуштен објект и имале секс: Таткото на девојчето (14) го пријави случајот во штипската полиција
-
Брачен пар објавил фотографија од венчавката: Кога виделе што има на неа не можеле да си дојдат при себе


