Едит Пјаф, првата Французинка којашто токму со „La vie en rose” успеа да ја освои Америка, поради својот кревок стас и височина од само 147 сантиметри познатото Врапче, и денес ја сметаат за најпознатиот француски женски вокал.
Неодамнешната биографија што ја напиша Робер Балере со наслов „Пјаф, францускиот мит”, зборува дека пејачката ги соборила сите рекорди: во заведување, во страст, болка, лудории, провокации… Поради интензитетот на нејзиниот глас и нејзината посебна личност, на сцената не и` било потребно ништо друго – по еден гест за секоја песна, мало црно фустанче и кругот од рефлекторот на сцената.
Нејзина голема љубов бил боксерот Марсел Сердан, кој трагично исчезнал во авионска несреќа во 1949 година додека патувал да и` се придружи во Њујорк. За него малку претходно на напишала „Химна на љубовта”(Hymne a l’amour) и со стихот „Ако еден ден животот ми те одземе…”, ја предвидела нивната трагична судбина.
Белере пишува дека Пјаф, спротивно на она што го кажувала, не се родила во сиромашна уличка во Париз, туку во болница. Детството, исто така, не го минала како што тврдеше со четиригодишно слепило, туку неколку седмици имала проблеми со видот поради вирусна инфекција на окото. Таа тврдела дека чудесно оздравеле благодарејќи на света Тереза од Лисју, пишува уште биографот.
Но, без разлика на овие невистини, нејзиниот личен и професионален живот, сепак, бил одбележан со драми и трагедии, ја загубила ќеркичката Марсел на двегодишна возраст, а нејзината мајка била пронајдена во јаз предозирана. Пјаф поради тоа или и покрај тоа развила несекојдневен горчлив хумор.
Едит Пјаф починала од внатрешно крварење во јужна Франција на 10-ти октомври 1963 годија, исцрпена од зависност, хируршки операции и ревматоиден артритис. По смртта не е извршен верски обред, бидејќи двапати се мажела. Десетици илјади обожаватели го следеле нејзиниот ковчег кон на пат до париските гробишта „Пер Лашес”.
Покрај песните „La mer” на Шарл Трене, „Comme d’habitude” на Клод Фрасоа и „Les feuilles mortes” на Ив Монтан, „La vie en rose” припаѓа на многу тесниот круг на француските шансони коишто станаа светски хитови и стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бајага за мистерија на својот хит „442 до Београда“: Дали е тоа растојанието меѓу Скопје и Белград…(видео)
-
Тајна чувана 24 години: Познатиот хит на Цеца требало да биде дует, но војната ги променила плановите
-
Едниот почина, другиот пишува хитови – вака изгледа синот на Марина Туцаковиќ!
-
Забранет хитот на Лукас


