На стартот на јадранската АБА лига во премиерниот натправар МЗТ Скопје го декласираше тимот на поранечниот тренер Алеш Пипан Олимпија со високи 19 поени разлика 79-60. Новиот тренер на МЗТ Влада Вукојевиќ на перфектен начин се претстави на пред скопската публика запишувајќи ја првата победа на премиерата за новиот клуб.
Со перфектна игра во одбраната МЗТ во текот на сите 40 минути МЗТ ги победи популарните „змајчеки“ и најави уште поуспешна сезона од ланската премиерна во јадранската лига и напад на првите четири места кои водат во фајнл фор завршницата.
Македонскиот шампион во целиот натпревар ја зголемуваше предноста и влезе во завршницата заслужено со 20 поени разлика. во Последната четвртина тренерот Вукојевиќ можеше да си дозволи да ги повлече од игра своите најдобри кошаркари и да им даде шанса да ја осетат прекрасната атмосфера на сите кошаркари.
Најефикасен кај домашните беше Дамјан Стојановски со 16 поени, додека одлична партија одиграа и Синовец со 13 и Дејвис со 12 коша.
Во второто коло МЗТ ќе гостува во Унгарија кај екипата на Шолнок, додека Олимпија ќе има шанса за поправен испит пред своите гледачи против екипата на Цибона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика



