| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен полицаец рекетирал Пакистанци

полиција

Кумановец вработен во фирма за обезбедување лажно се преставувал како полицаец и под закан дека ќе ги уапси на тројца државјани на Пакистан им барал по 40 евра.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.В.(38) од Куманово за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 21.10.2012 година, во Куманово на ул. „Никола Тесла“, откако пријавениот забележал тројца државјани на Пакистан, кои биле сместени во Прифатниот центар во Скопје, лажно им се претставил дека е полициски службеник, покажувајќи им легитимација издадена од Меѓународно здружение за телохранителски и безбедносни услуги, по што им извршил претрес и побарал секој од нив да му даде по 40 евра, со цел истите да не бидат приведени во полиција. Во моментот на самото место пријавениот бил забележан од страна на полициски службеници и приведен во СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top