| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистанци преку нива влегле во Македонија

migranti

Полицијата во близина на ГП „Богородица“ фатила пет емигранти кои преку една нива тргнале да влезат во Македонија.

Според МВР, вчера, во 19.45 часот, од страна на полициски службеници за граничен надзор од  ПС за ГП и ГН Богородица, кај местото Сепарација – Гевгелијско, откриени се пет лица државјани на Пакистан при нелегално  преминување на државната граница од Грција во Македонија.

Лицата се приведени во просториите на ПС за ГП и ГН Богородица, се работи за А. З. (23), Р. М. (26), С. А. (27), М. А. Р. (36) и К. А.(20) и тие ќе бидат предадени во Прифатниот центар – Скопје, за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top