| четврток, 6 декември 2018 |

Петар Гошев претседателски кандидат на опозицијата?

gosev

Петар Гошев не ја исклучува можноста, по повеќе од една деценија да се врати на политичката сцена. Екс-гувернерот на Народната банка гостуваше во емисијата „Патот Кон“ на Алсат-М и прашан дали ќе се кандидира за претседател на државата на наредните избори, тој дипломатски одговори:

Не можам да останам рамнодушен на сето она што се случува во државата и  затоа ќе бидам гласен, рече Гошев. Никогаш не сум се плашел и нема да се плашам да го кажам тоа што го мислам.

Гошев рече и дека оваа владина гарнитура, особено ВМРО-ДПМНЕ, не случајно најави зголемување на пензиите и на социјалната помош во првото тримесечје в година. Тоа, според него, е најдобар метод за купување гласови пред нардените избори, независно дали ќе бидат само претседателски или заедно со нив ќе има и предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top