| четврток, 6 декември 2018 |

Која е најлошата година од бракот?

Како и секоја врска, така и бракот има свои подеми и падови, но некои години од бракот се сметаат за најдобри, некои за најлоши, а се чини дека во повеќето случаи, тие години се поклопуваат.

Една неодамнешна анкета спроведена помеѓу 2.000 лица во брак, покажа дека третата е една од најсреќните години од брачниот живот. Зошто? Затоа што тогаш двојките, генерално, сѐ уште немаат деца и со задоволство ја планираат иднината и семејството. Сопружниците доволно долго се заедно за да ги научат предностите и слабостите на својот брачен другар и да го прифатат како таков. Со оглед на тоа што тие немаат деца, најголем дел од парите ги трошат на сопствените задоволства како патувања и фини нешта.

Според овие резултати, во повеќето случаи, проблемите се јавуваат во петтата година од бракот, кога на ред ќе дојдат децата и кога е сè потешко да се балансира времето за децата, кариерите и врската. Во тие години, кога е неопходно да се обезбедат доволно средства за семејниот живот, и кога се повеќе и повеќе време треба да се издвои за грижата на децата, најмногу страда љубовниот живот. Приоритетите на брачните другари значително се менуваат на сметка на нивната врска.

Но, тоа што оваа студија исто така го покажа и она што дава надеж е дека ако бракот издржи до седмата година, многу е веројатно дека тој ќе трае долго, долго време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top