Софтверската компанија „Adobe Systems“ соопшти дека при сајбер напад, хакери ги украле податоците за кредитните картички на речиси три милиони нивни корисници.
Помеѓу украдените податоци се името, бројот на кредитната или дебитната картичка и датумот на истекување, пренесува Њујорк тајмс. Шефот на безбедносната служба на компанијата изрази жалење за инцидентот и вели дека компанијата работи на решавање на проблемот, интерно и во соработка со полицијата и деловните партнери. Според компанијата кражбата не носи некој голем ризик за корисниците, но таканаречентиот „source code” го содржи ДНК-то на програма која би можела да им овозожи на хакерите да пронајдат и искористат потенцијална безбедноста „дупка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Што означуваат броевите на кредитната картичка?- последната цифра е најважна!