Пукнат вентил во „Окта“ повреди работник, кој се здобил со изгореници од втор степен.
Според полицијата, работникот имал изгореници на рацете и на нозете и со возило на Итната помош веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Истрагата покажала дека инцидентот се случил кај еден од резервоарите за мазут.
Полицијата наскоро ќе излезе со повеќе детали за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



