| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Светскиот ден на насмевката

Секоја година, така и оваа, првиот петок во октомври се посветува на насмевката. Основач на Светскиот ден на насмевката е американскиот график и основач на насмеаното жолто лице (смајли), Харви Бел. Баш ова насмеано жолто лице кое денес е едно од најпопуларните емоции не само на интернет, туку и насекаде во нашиот живот. Бел го создал како дел од рекламна кампања во 1963 година.

Пред да почине во 2001 година, веќе на пристојна возраст, Харви Бел, конечно ја определил својата мисија – тој се видел себеси како меѓународен амбасадор на среќата и го измислил овој празник – Меѓународен ден на насмевката. Според Бел, тоа треба да биде денот „посветен на доброто расположение и добрите дела“ и да оди под мотото „Направи добрина“. Помогни на некого да се насмее. Бел сметал уште дека тоа треба да биде ден во кој секој ќе се смешка и ќе донира насмевки на околните.

Датумот е во почетокот на октомври бидејќи почетокот на есента, дефинитивно, има потреба од повеќе насмевки.

Празникот на насмевката се забележува првпат во американскиот град Ворчестер, Масачусетс, на 1 октомври 1999 година. Илјадници студенти од овој град подготвиле картички со насмеаното лице, кои ги праќале на болници и на клиники. Тоа се претвора во национален и меѓународен водечки настан на новинарските потоци, соопштуваат од фондацијата „Светски ден на насмевката“ (World smile day). Специјално за овој ден поштенските служби на САД издаваат поштенска марка со насмеаниот лице кое се повторува во чест на овој ден и во следните години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top