| четврток, 6 декември 2018 |

Командант Ваљони сепак доби унапредување во АРМ

talat dzaferi

Капетанот Шевал Етеми, алијас командант Ваљони, сепак добил чин мајор и тоа лично од министерот за одбрана Талат Џафери, објави Вечер.

Указот за унапредување кој за Денот на АРМ 18 август одби да го потпише началникот на ГШ генерал-мајор Горанчо Котески, добил министерски параф откако Етеми бил прераспределен на нова работна задача-советник во Министерството за одбрана. Тоа, велат извори за Вечер, бил единствениот начин за да се изврши најавеното унапредување на некогашниот командант на УЧК, човек осомничен за малтретирање, силување, тепање и шарање со нож по грбовите на мавровските работници, а кој во изминативе години како амнестиран беше дел од активниот офицерски тим на армијата. Со новиот чин на рамо Етеми го напушти активниот состав на АРМ и премина во повлијателниот, но канцелариски дел на одбраната.

На овој чекор министерот Џафери морал да се одлучи по силните притисоци и критики, кои наводно, ги имал во својата матична партија. Дури се шпекулира дека, наводно, за мајорскиот чин на Ваљони ургирал и лично лидерот Али Ахмети.

Најновото унапредување во македонските одбранбени сили, за жал, официјално не ни беше потврдено, ниту од ГШ, ниту од МО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top