| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре фабриката КЕН во Куманово

ken

Два големи пожари се регистрирани синоќа во Куманово. Првиот во фабриката „КЕН“, а вториот во куќа во близина на кумановската општа болница, објави „Кумановоњус“.

Пожарот во фабриката за брзо време бил локализиран од кумановската противпожарна единици, а материјалната штета и причините за настанување на пожарот ќе се утврдува дополнително.

Вториот пожар бил на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, кој бил локализиран за 20 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top