До сега на “Октоберфест” во Минхен се пријавени 12 случаи на силување, што е двојно повеќе од лани, соопшти германската полиција. Во тек е истрага за уште два инцидента за да се утврди дали е во прашање силување, откако двајца мажи се обвинети за сексуален напад.
Организацијата што се грижи за безбедноста на жените на „Октоберфест“ ѝ помогнала на група од 83 лица. Жените што бараат помош најчесто ги загубиле другите членови на семејството, па им помагаат да се вратат дома. Годинашниот „Октоберфест“ трае од 21 септември до 6 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.