Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус во својата нова книга „Чешка на крстопат – време за одлука“ предлага земјата да излезе од Европската унија.
Евроскептикот, кој и за време на своите два претседателски мандата се истакнуваше со своите ставови против ЕУ, смета дека токму Унијата придонесува за сите негативности што се случуваат во чешкото општество, политиката и во економијата.
Во интервју за весникот „Млада фронта днес“, Клаус објаснува дека во Унијата постои прекумерна регулација, се ограничува суверенитетот на националните влади и се губи способноста на политичките партии за спроведување на нивните идеи.
Во книгата, која официјално ќе биде претставена идната недела, Клаус дава радикални предлози од типот на драстично намалување на задолжителното трошење, укинување на државни институции, измени на изборниот систем, укинување на Сенатот, приватизација на фирми како чешката енергетска компанија (ЧЕЗ) и државната телевизија.
Претстојните вонредни парламентарни избори кон крајот на овој месец Клаус ги оценува како „меѓуизбори“, во кои предвидува трагичен пораз на десницата и на Граѓанската демократска партија, ОДС, чијшто основач е.
Тој, исто така, додава дека е подготвен, по „фаталниот пораз“ да ѝ помогне на својата матична партија и и нуди соработка. Основните, сериозни и важни теми за земјата, според Клаус, ќе се решаваат дури на идните избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
„Тајна вечера“ на лидерите на ЕУ, без Тереза Меј
-
Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит