| четврток, 6 декември 2018 |

Грција планира да го врати кредитот од 230 милијарди до 2030 година

Грција ќе го врати кредитот од 230 милијарди евра до 2030 година, изјави директорот на Грчката централна банка Јоргос Провопулос

101571749
Тој во интервју за „Зидојче цајтунг“ истакна дека ја разбира загриженоста на европските даночни обврзници.

– Овој пат Владата ќе даде резултати, земјата се изменува, Европејците ќе си ги вратат парите. Грците, меѓу кои и политичарите, разбраа дека тоа е последна шанса за Грција, посочи Провопулос.

Тој истакна дека спроведувањето на структурните реформи во Грција во минатото било недоволно и оти „тоа е голема грешка“.

– Неплаќањето на данок е проблем во сите држави, а во Грција е посебно распространето, посочи Провопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top