| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец избран за најдобар играч во второто коло на ЛШ

Десниот бек на Металург Ренато Вугринец е избран за најдобар играч во второто коло на Лигата на шампионите во ракомет. Тоа е епилогот од традиционалната анкета на ЕХФ, која се организира по секое одиграно коло и на која гласаат ракометните фанови од целиот свет.

Словенечкиот интернационалец надмоќно ја доби довербата на навивачите, откако собра дури 46 проценти од вкупните гласови. Второто место му припадна на голманот на Кјелце Славомир Шмал, со 23 проценти, а третата позиција е за романскиот репрезентативец Марјан Ѓонеа, кој игра за Висла Плок. За него гласаа 10 проценти од симпатизерите на ракометната игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top