Лидерот на опозиционата СДСМ Зоран Заев денес одговори на новинарските прашања. Тој изјави дека воопшто не се плаши од тужба од страна на шефот на УБК, дури тоа и го очекува.
– Во секоја демократска земја многу е нормално опозицијата да постави прашање, власта да го одговори. Ако мислат дека опозицијата треба да се извинува поради тоа што поставува прашање за основани сомненија, тогаш сме многу далеку од демократска земја. Немам намера ниту мислам да му се извинувам некому. Сите ги знаете нашите ставови во однос на судството, судските процеси и донесувањето на одлуки. Дека ќе има пријава од господинот Мијалков ќе има, дека ќе има брз судски процес ќе има, и дека ќе има судска завршница во која ќе има казна за Заев тоа ми е јасно. Но, ако тоа не го знаев кога се нафатив да бидам претседател на опозицијата чуму сум се нафатил да ја водам најголемата опозициона партија воопшто. Продолжувам да ја вршам улогата да бидам првиот кој ќе го охрабри ова општество, прв кој ќе повикува на отворени одговори од страна на власта за секое прашање од јавен интерес – вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.