| четврток, 6 декември 2018 |

Среќниот обложувач од минатиот викенд „лапнал“ 30 илјади евра, има ли уште добитни тикети?

Среќниот обложувач што на два тикети уплатени за по 140 денари во Скопје, доби 1,2 милиони денари или околу 20 илјади евра, всушност има уште еден добитен тикет, со идентичен влог и добивка од 600 илјади денари.

Двојката стана тројка, а заработката скокна за цели 10 илјади евра. Имаше шпекулации дека среќниот и умешен обложувач го загубил едниот тикет, но сепак вистината е дека тој почекал извесно време и го наплатил и третиот тикет.

Обложувалницата каде што се одиграни тикетите не објавува колку уште такви листови има, а како тргнала работата, можно е анонимниот играч на спортска прогноза да има уште адути во ракав. Веројатно среќниот добитник предолго слави по скопските кафеани или чека погоден момент да ги наплати сите тикети, а дали ги има уште освен овие три не потврдува ниту обложувалницата каде е извршена уплатата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top