Обложувалниците „Моцарт“ информира дека ја исплатија најголемата премија во Европа како со-однос во висина на уплатено ливче и остварена добивка, додека во државниот буџет од оваа премија на име на персонален данок се слеаја околу 3,5 милиони денари или 57.000 евра.
Обложувалницата „Моцарт“ официјално соопшти дека прилепчанец со влог од 910 денари, добил околу 550.000 евра за погодени резултати на натпревари.
– Овој маестро уште на 23 и 24 јануари годинава ги уплатил ливчињата, а среќните броеви ги заокружил дури еден месец подоцна на 21 февруари. Големината на премијата првенствено се должи на добиените ’Моцарт бонуси’ кои среќниот Прилепчанец ги искористил со тоа што должината на ливчињата била одиграна во повеќе парови со што му припаднал бонус во висина од повеќе од 50% од вкупната премија за исплата. Сето ова може да се потврди со самиот факт што само од овие добитни ливчиња на среќниот Прилепчанец, државата наплати во својот буџет околу 3,5 милиони денари на име на персонален данок на приход – се вели во соопштението од „Моцарт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе
-
Минатата година во македонските обложувалници уплатени 200 милиони евра, само 5 отсто од ливчињата биле добитни
-
Обложувалниците на мета во Скопје: Два идентични вооружени грабежи во рок од 10 минути