Веројатно најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, смета дека би успеал да го надигра Леброн Џејмс во дуел „еден на еден“, додека не е сигурен дали би можел да го совлада и Коби Брајант бидејќи тој ги копирал повеќето негови потези.
Џордан наведе неколкумина играчи со кои би сакал да може да игра „еден на еден“, како што се Џери Вест, Џулиус Ирвинг, Мело Ентони, Двејн Вејд, Леброн Џејмс и Коби Брајант.
„Мислам дека не би загубил од никого освен од Коби Брајант, бидејќи тој го има „украдено“ секој мој потег“, изјави „Летечкиот Мајк“ на промоцијата на популарната видео игра „НБА 2К14“.
На оваа негова изјава, Коби Брајант на својот Твитер профил врати: „Домино ефект. Јас копирам некои потези од тебе, оваа генерација копира од мене…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.