Во најамбициозниот проект на Алијансата по море во изминатите седум години маневрите „Брилијант маринер 13“ учествуваат 12 од 28 членки на НАТО. Наскоро НАТО ќе се повлече од Авганистан и фокусот ќе го помести кон Европа, каде се почесто се организираат воени маневри, особено во Средоземното Море.
Од 25 септември до 6 октомври во Тиренското Море – јужно од Сардинија, во опширна отцепена зона се симулираат кризни ситуации, класични морски судири, воздушни напади, терористички напади, спасувачка мисија. Во вежбите учествуваат 23 бродови и 5.000 воени морнари.
Маневрите од ваков тип ќе бидат приоритет во наредните години, посочува американскиот генерал Филип Бридлив, командант на сојузничките сили во Европа.
– Алијансата има 100.000 војници во Авганистан, Косово, Турција за заштита од евентуални сириски ракети и во Индискиот Океан за борба против пиратството- додаде Бридлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток