Преземањето вест без проверка се чини не е само „балкански спорт“. Италијанските медиуми масовно наседнаа на текст на францускиот сатиричен портал „Le Gorafi“ кој пренесе резултати од измислена анкета според која девет од десет Французи веруваат дека „клиторис“ е модел на возило од јапонскиот производител Тојота, а ниеден не го знае вистинското значење на зборот.
Италијанското исмејување на незнаењето на Французите се претвори во солена шега на нивна сметка, а меѓу оние коишто наседнаа е и италијанската новинска агенција Анса.
Според резултатите од измислената анкета, ниеден од 2,500 испитани Французи не го знаел вистинското значење на зборот клиторис, па така 89 отсто верувале дека станува збор за марка јапонски автомобил, седум отсто сметале дека тоа има некаква врска со древната египетска митологија,а четири проценти немале никаква идеја што значи терминот.
Се чини дека брзите италијански медиуми ниту го прочитале целосно тоа истражување и веднаш тргнале да ги исмејуваат Французите, констатира Франс-прес.
Дури шест позначајни италијански медиуми го објавија ова „големо” откритие за француското „незнаење” од анкетата на TNS-Sofres за Le Gorafi, а Ansa дури понуди појаснување дека станува збор за забуна и дека Французите ги помешале два модела на Тојота („tyotа clitoris” со моделот „toyota yaris”).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.