| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобили-замки за крадци

крадецЛондонската полиција ги „лови“ крадците на автомобили со користење невидлива боја којашто го донесе и првиот „плен” – 28-годишен провалник кој е осуден на доброволна работа и парична казна поради кражба од паркирано возило.

Полицијата низ Лондон поставила возила коишто го бојадисуваат лицето на провалникот со зелена боја којашто станува видлива само под ултравиолетово светло.

Судот, така, утврдил дека Јафет Аскале е виновен за провалување во возило и кражба на предмети од него откако полицијата како доказ презентирала фотографии на коишто се гледа дека неговото лице е прекриено со боја и го казнил со 49 часа општествено полезна работа и 400 фунти глоба.

Лондонската полиција предупреди дека на целата територија на британската престолнина се разместени многу вакви стапици

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top