| четврток, 6 декември 2018 |

Теодор Мерон по третпат претседател на Хашкиот трибунал

haski tribunalАмериканскиот судија Теодор Мерон по третпат е избран за претседател на Судот во Хаг на пленарна седница на која присуствувале сите постојани судии на Трибуналот.

Противкандидат на Мерон во трката за избор на оваа функција беше јужнокорејскиот судија О-Гон Куон.

За заменик-претседател на Хашкиот трибунал е избран Кармел Аџиус од Малта.

Мерон неодамна беше назначаен за претседател на т.н. „останат механизам“, кој ќе го наследи Трибуналот, откако тој ги заврши последните три процеси на првите рочишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top