Претседавањето на Грција со Европската Унија ќе биде можност таа земја да одговори на многу прашања за нејзиното однесување, од кои најважното за блокирањето на европскиот пат на Македонија., објавува „Сител“. Европратениците од групата ,,Пријатели на Македонија‘‘ на денешната средба со шефот на Македонската дипломатија Никола Попоски потенцираа дека е време да се стави крај на грчкото самоволие во европските институции.
,,Сега сме во позиција кога треба да прашаме и да се бориме, кога Грција ќе претседава со Европскиот совет, а тие седат и во Европскиот парламент, ќе треба да одговорат, кога ќе ги прашаат сите членки на ЕУ за европската димензија на Македонија. Тоа ќе биде нов притисок и за Грчката влада да реагира, бидејќи не е можно и не е во согласност со европските вредности некој да не реагира. Поради тоа навистина е срамно тоа што сега се случува со вашиот европски проект‘‘, изјави Мартин Кастлер.
Според естонскиот европратеник Туне Келам критичниот момент за судбината на македонските евроинтеграции е дојден.
,,Постои момент кога квантитетот ќе се трансформира во квалитет. Чувствувам дека дојде моментот кога мнозинството ќе каже: ,,Доста е! Доста е од бојкотот на една земја членка која го запира прогресот на целата Унија‘‘. Мислам дека сегашната ситуација ќе се разреши скоро, изјави Туне.
Европратениците велат дека најголем дел од институциите и од членките на Европската Унија се на страната на Македонија. Засилениот притисок врз Грција очекуваат да почне веднаш по новиот извештај на Европската комисија.
,,Знаеме дека извештајот на ЕК ќе биде позитивен, а г-динот Фуле е импресиониран, истотака и одлучен да и помогне на Македонија на нејзиниот европски пат‘‘, изјави Кастлер.
,,Пријателите на Македонија‘‘ денеска се сретнаа и со државниот врв, како и со своите колеги во Македонското собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
„Тајна вечера“ на лидерите на ЕУ, без Тереза Меј


