| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица пратеници од Златна зора на суд

Четворица пратеници од партијата Златна Зора ќе бидат изведени пред суд во Атина на прелиминарно сослушување во врска со обвиненијата за учество во криминална организација, која е одговорна, меѓу другото, и за убиства, напади и перење пари, јавува „Радио Слободна Европа“. Тие беа уапсени во минатиот викенд заедно со нивниот партиски лидер и неговиот заменик. Во акцијата на полицијата против Златна Зора, досега се уапсени вкупно 22 лица, а по 10 е издадена потерница. Златна Зора има 18 пратеници во грчкиот парламент и се заканува дека ќе го напушти, што би можело да предизвика нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top