Македонскиот амбасадор и преговарач за името Зоран Јолевски по изјавата на медијаторот Нимиц во Обединетите Нации повтори дека Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое нема да се одрази врз македонското достоинство.
Според него средбата со медијаторот Метју Нимиц на која што се разговарало два часа за суштински прашања била конструктивна.
„ Двете страни покажаа, според мене, подготвеност сериозно да разговараат за изнаоѓање на заемно прифатливо решение. Владата на Република македонија останува искрено посветена на оовј процес, за што побрзо изнаоѓање на заемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонските граѓани и кое ќе биде во согласност со меѓународните принципи и норми. Република Македонија заслужува да стане членка на НАТО, заслужува да ги започне преговори за членство во Европската Унија и овие процеси не се добри само за Македонија туку и за нашиот јужен сосед Грција и за целиот регионот“, изјави Јолевски во Њујорк.
Предходно грчките медиуми го пренесоа ставот на Василакис дека на преговорите немало напредок поради непопустливоста на македонската страна и дека наредната средба на двајцата преговарачи со Нимиц ќе се случи во Март, што е спротивно на јавната изјава на медијаторот дека не бил договорен терминот за следниот состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Нова средба на Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија


