Голманот на Барселона Виктор Валдес е сѐ поблиску до трансфер во францускиот прволигаш Монако во текот на зимскиот преоден рок.
Валдес објави дека го напушта тимот, а најверојатно веќе се договорил со Монако. Шпанскиот голман следното лето ќе биде слободен играч, па Барселона сака да заработи некој денар на него.
Имаше опција ова лето 31-годишниот голман да премине во Монако, но не најдоа заеднички јазик.
Според каталонскиот весник „Спорт“, тогаш од Монако биле подготвени да платат 60 милиони евра за голманот на Барселона. Сега наводно договорот е постигнат, но деталите не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.