| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска и утре „Сахара Балкански мировен фестивал” во Скопје

Sahara Group Chairman Subrata Roy gestures as he speaks during a news conference in Mumbai

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи првиот „Сахара балкански мировен фестивал“.

Фестивалот ќе биде отворен попладне со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности, додека официјално фестивалот ќе започне со полноќен настан на Камениот мост кој ќе биде обоен во сино. Предвидено е на скопскиот плоштад да настапат индиски танчерски групи и деца од СОС Детското село.

На вториот ден од фестивалот ќе биде одржан добротворен мировен самит на кој ќе бидат дел педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји, меѓу кои и поранешниот британски премиер Тони Блер за кого ова е прва посета на Македонија.

Субрата Рој по повод концертот уште вчера пристигна во Македонија.

Целта на концертот е одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top