| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот театар ќе го отвори фестивалот во Бурса со „Госпоѓица Јулија“

НУ Турски театар ќе учествува на Меѓународниот театарски фестивал на балканските земји, кој се одржува во Бурса, Република Турција. Фестивалот го организираат државните театри од балканските држави. Турскиот театар ќе настапи утре на свеченото отворање  со претставата „Госпоѓица Јулија“ од Стриндберг во режија на Александар Поповски. Сценографија, костимографија, дизајн на плакат се на Свен Јонке, асистент на режија е  Лука Кортина, а улогите ги толкуваат: Сузан Акбелге, Осман Али и Несрин Таир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top