Делегацијата, како што соопштија од МНР, ќе ја сочинуваат претседателот на групата, германскиот европратеник Мартин Кастлер и европратеникот Туне Келам од Естонија, двајцата од редовите на европските народни партии.
Покрај средбата со министерот Попоски, предвидено е европратениците да се сретнат со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со свои колеги во македонското Собрание.
Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и перспективите за почнување на преговорите за членство. Се очекува да стане збор и за натамошното продлабочување на соработката со Европскиот парламент, кој дава јасна и недвосмислена поддршка за европскиот интегративен процес на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



