Германскиот гигант „Сименс“ најави дека до крајот на оваа година планира да отпушти околу 16 илјади работници за да ги намали трошоците за околу 6 милијарди евра. Само во Германија ќе бидат отпуштени околу 5 илјади работници, а останатите 11 илјади ќе бидат отпуштени низ светот.
Раководството на компанијата со синдикатот веќе го договорил моделот на отпуштање за половина од вработените, а во тек се преговори за останатите. Според договорот, компанијата нема да дели директни откази, туку со високи отпремнини ќе се обиде да ги потикне вработените да побараат доброволно раскинување на договорите за работа.
Според проценките, „Сименс“ има околу 370 илјади вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.