| четврток, 6 декември 2018 |

Три не се доволно – раѓајте по четири деца

erdoganottomanТурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го поправи сопствениот совет за поттикнување на наталитетот, препорачувајќи им на жените да раѓаат по четири, а не по три деца, како што ги советуваше претходно.
– Три деца не се доволно, раѓајте по четири – изјави Ердоган пред група жени, кои му аплаудираа по церемонијата на отворањето на геотермална централа во средоземноморскиот округ Денизли.
Премиерот предупреди претходно дека ако продолжи сегашната тенденција, населението на Турција ќе почне да старее по 2030 година.
Тој, исто така, направи поврзаност меѓу нискиот наталитет во европските држави и економската рецесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top