Манифестацијата во чест на Тоше „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, оваа година ќе се одржи еден ден подоцна.
Фановите во соопштение испратено до медиумите, ја информираат јавноста дека поради неможноста да се дојде до задоволувачки компромис со организаторите на Бела Ноќ за одржување на настанот “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, истиот ќе биде поместен.
-Ние фановите решивме во духот на нашиот идол, да направиме компромис и да го одложиме настанот за следниот ден 06.10.2013 (недела). Така Тоше ќе го добие тоа што го заслужува, целовечерен настан посветен само за него, се вели во соопштението од фановите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња
-
Одат напред, ама сакаат назад: Пејачите не знаеле дека Владата ги прави носители на политичка кампања, ама сепак ќе пеат
-
Не им кажале дека ќе бидат дел од прославата за НАТО, сега сакале – не сакале, ќе мора да пеат
-
Тоше не требал да ја пее: Еве за кого била „Игри без граници“