Екстремни десничари и навивачи планирале брутален напад на учесниците на Парадата на гордоста во Белград, откри потпретседателот на владата Александар Вучиќ, правдајќи ја одлуката за забрана за одржување на парадата.
Според информациите на Вујиќ кои ги добил од полицијата, екстремистите имале за цел да ја нападнат поворката од повеќе страни за да ги разбијат полициските кордони, а потоа учесниците да ги гаѓаат со киселина.
Во овој брутален напад требало да учествуваат повеќе илјади хулигани од Белград, но и од други делови на Србија. Нередите по белградските улици требало да ги искористат и за грабежи. Планот бил осуетен од Бирото за координација на службената безбедност на Србија, објави српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.