| четврток, 6 декември 2018 |

Секс на пруга- смртоносна грешка на украински љубовен пар

seks na pruga

Љубовна двојка од Украина донела многу лоша одлука кога решиле да му се предадат на сексуалниот нагон и да водат љубов на местото каде што се нашле во моментот- на железничка пруга.

 

Големата страст била фатална за партнерката, а тој останал без две нозе, откако среде секс на нив налетала локомотива. Девојката загинала на лице место, а мажот бил пренесен во болница со тешки повреди. Тоа на полицијата и раскажало дека „не можеле да и одолеат на страста додека се враќале накај дома  и сакале да искусат екстремно сексуално искуство водејќи љубов на железничка пруга“.

Информацијата ја соопшти украинското министерство за внатрешни работи но не го откри индентитетот на настраданите љубовници. Мажот имал 41 година, а жената била во триесеттите години од животот. Несреќата се случила во Запорожје во саботата наутро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top