Вториот најтрофеен англиски клуб, Ливерпул планира во јануарскиот преоден рок да го засили нападот.
Како што пишува „Дејли Мејл“ менаџерот на Ливерпул Брендан Роџерс е заинтересиран за италијанскиот напаѓач Марио Балотели. „Црвените“ сакаат да го вратат Балотели во Англија веќе во јануари и за него се подготвени на Милан да му платат 18 милиони евра.
Идеата на Роџерс е да оформи силен напад кој би го сочинувале Балотели и Уругваецот Луис Суарез, но се поставува прашањето колку успешно би можеле да соработуваат двајцата играчи ако се знае нивниот карактер.
Балотели и Суарез се познати како врвни фудбалери, но и како многу проблематични играчи и дефинитивно би било интересно да се видат заедно во иста екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.