| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул сака да се засили со Балотели и да го задржи Суарез

Вториот најтрофеен англиски клуб, Ливерпул планира во јануарскиот преоден рок да го засили нападот.

Како што пишува „Дејли Мејл“ менаџерот на Ливерпул Брендан Роџерс е заинтересиран  за италијанскиот напаѓач Марио Балотели. „Црвените“ сакаат да го вратат Балотели во Англија веќе во јануари и за него се подготвени на Милан да му платат 18 милиони евра.

Идеата на Роџерс е да оформи силен напад кој би го сочинувале Балотели и Уругваецот Луис Суарез, но се поставува прашањето колку успешно би можеле да соработуваат двајцата играчи ако се знае нивниот карактер.

Балотели и Суарез се познати како врвни фудбалери, но и како многу проблематични играчи и дефинитивно би било интересно да се видат заедно во иста екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top