Тешка сообраќајна несереќа се случила попладнево околу 17 часот на улицата Скупи во близина на приватна здравствена установа при што едно лице е потешко повредено.
Несреќата се случила кога возач на автомобил носејќи ја сопругата на медицински преглед удрил во лице кое што излегувало од клиниката. Веднаш по инцидентот повредениот е вратен во медицинската установа каде што му е пружена прва помош.
Пред пет дена на еден километар подолу на истата улица во сообраќајна незгода загина двеиполгодишно детенце кое им подлегна на повредите и покрај тоа што возачот на возилото што го прегазило веднаш го префрлил во поликлиниката Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст