| четврток, 6 декември 2018 |

Носел пациент на лекар – удрил во пациент што излегува од клиника

Тешка сообраќајна несереќа се случила попладнево околу 17 часот на улицата Скупи во близина на приватна здравствена установа  при што едно лице е потешко повредено.

Несреќата се случила кога возач на автомобил носејќи ја сопругата на медицински преглед удрил во лице кое што излегувало од клиниката. Веднаш по инцидентот повредениот е вратен во медицинската установа каде што му е пружена прва помош.

Пред пет дена на еден километар подолу на  истата улица во сообраќајна незгода загина двеиполгодишно детенце кое им подлегна на повредите и покрај тоа што возачот на возилото што го прегазило веднаш го префрлил  во поликлиниката Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top