Од денеска до 5-ти октомври годинава, граѓаните ќе можат да ги вакцинираат своите миленичиња, кучиња и мачки, против беснило за 250 денари.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, акцијата е дел од есенската кампања за борба против беснило и по повод Светскиот ден за борба против беснило,28-миСептември. Целта е подигнување на јавната свест за ризикот од болеста и преземање мерки за нејзино спречување и ширење.
Списокот на ветеринарни станици вклучени во кампањата е достапен на интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство www.ahv.gov.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


