Сончево време со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец – вака започнува овој септемвриски викенд во Македонија.
Утринската температура ќе се движи од четири до 14, а дневната од 24 до 31 Целзиусови степени.
И во Скопје слично време, со температура до 27 степени.
Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, попладне ќе има зголемување на облачноста. Температурата ќе досигне до 30 Целзиусови степени.
Промена на времето се очекува од понеделник кога ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Се очекува локално да наврнат и над 30 литри на метар квадратен, особено ноќта спрема вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


