| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: Дојде време за решавање на името

stefan-file-527

Европскиот комесар задолжен за проширување на Унијата Штефан Филе ги повика Македонија и Грција да ги засилат напорите за наоѓање на решение за спорот, за да може да се исполнат препораките кои Европската Комисија веќе со години наназад ги дава за Македонија да ги почне преговорите за членство.

– Јас изразив поддршка за овој процес и повторно повикав двете страни итно да сторат се што може за да се разреши ова прашање. Тоа е причината што земјата не може да го преземе следниот чекор кој Комисијата одново и одново го препорача, а тоа е да се отворат преговорите за членство. Не сакам однапред да судам што ќе се случи оваа година во извештајот за напредок, но мислам дека е дојдено време да се разреши ова прашање. Притоа да не се гледа само цената на евентуалниот компромис, туку и цената на неодењето напред и одржувањето на состојбата во статус кво уште една или повеќе години, изјави комесарот Филе, кој денес има средби во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Филе, во понеделникот се сретна со посредникот во разговорите амбасадорот Метју Нимиц.
Во октомври се очекува новиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top