Директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков побара извинување од лидерот на СДСМ Зоран Заев за изјавата која ја дал во интервјуто за Интернет телевизијата ТВ “Нова”, дадено во средата.
Полномошникот на Мијалков адвокатот Антонио Апостолски му испрати писмо на лидерот на СДСМ, со кое бара извинување за изјавата дадена во интервјуто за Интернет порталот, како и на прес – конференциите, која содржи клевети и навреди. Адвокатот се повикува на член 13 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда и, “во насока на ублажување на штетата”, очекува во рокот определен со закон Заев да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на изјавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.