Сопствениците на половни камиони со стандардот ЕУРО 3 што се увезени до 30 јуни, добиваат уште еден месец за да ја завршат постапката на одобрување, соопштија од Министерството за економија.
„Со цел да се излезе во пресрет на барањата на увозниците – сопственици на половни товарни возила (камиони), што го исполнуваат стандардот ЕУРО 3, но од различни причини не почнале постапка, односно не поднеле барање за одобрување на возило до органот за одобрување, имаат рок од 30 дена завршување на постапката“, се вели во соопштението од Економија.
Причина за ова, како што се наведува, била информацијата за голем број увезени товарни возила, кои го исполнуваат ЕУРО 3 стандардот, за нив се платени царински давачки, а сопствениците поседуваат царински декларации дека влегле до 30 јуни 2013 година.
Од декември 2012 до јуни 2013 година во земјава се увезени 880 половни возила од категорија Н и О.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно
-
АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија
-
Извозот во првото полугодие зголемен за 16,2 отсто, увозот за 11,2