| четврток, 6 декември 2018 |

Во штипскиот пожар изгорен и работник на ЕВН

pozar

Во големиот пожар кој избувна денеска во центарот на Штип, освен повредениот пожарникар, повредено е и работник на ЕВН.

Пожарот кој сега е локализиран, претходно зафатил три куќи, лоцирани зад Трговскиот центар „Кубус“. На местото на настанот веднаш пристигнала противпожарната единица, а при справувањето со пламените јазици, пожарникар падна од покривот на една од куќите и се здоби со повреди на главата, градите, рацете и на нозете, при што веднаш бил хоспитализиран и е надвор од животна опасност.

По падот на пожарникарот, во рок од пет минути од електричен столб паднал и вработен на ЕВН, кој се обидувал да го исклучи електичното напојување во двете опожарени куќи. Вработениот од ЕВН бил примен на Одделението за ортопедија и исто така е надвор од животна опасност.

Засега уште не се знаат причините за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top