Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо на Реал Мадрид напишал писмо до адвокатот во Мајами и побара од него да го отфрли обвинението против навивачот што летоска влезе на терен и го прегрна.
Роналд Ѓока влета на теренот во текот на пријателскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Челси кој се играше во Мајами. Ѓока го прегрна Роналдо, а овој му возврати на ист начин.
Меѓутоа американските власти реагираа и Ѓока е уапсен и заработи тужба за нарушување на јавниот ред и мир. Судската пресуда може да донесе до исфрлување од факултет и депортација во родната Албанија.
-Ѓока ја разбра својата грешка и не заслужува да биде казнет поради тоа– рече адвокатот Ричард Хујбер.
Роналдо постапи џентлемнтски и испрати писмо до јавниот обвинител во Мајами.
– Ја разбирам вашата положба и важност за спроведување на редот и мирот. Меѓутоа ве молам да ја корегирате вашата одлука и да ги отфрлите тужбите за момчето– стои во писмото на Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.